Home ГОТВАЧ Чоколадо, карамела, кикирики: Толку безобразен сладолед сеуште не сте пробале (рецепт)

Чоколадо, карамела, кикирики: Толку безобразен сладолед сеуште не сте пробале (рецепт)

2996
SHARE

Време е да ја отвориме сезоната за сладолед, а доколку сте од оние кои сакаат да се истакнуваат во кујната, ова е вистинскиот рецепт за вас.

Замислете вашето омилено чоколадо да го претворите во вкусен, кремаст ладен десерт.

Уште ако го украсите со чоколадни мрвици или карамел топинг, апсолутното задоволство е загарантирано.

За овој несекојдневен „сладок грев“ ќе ви бидат потребни следните состојки:

– 5 чоколадца (сникерс), 600 мл слатка павлака, 3 јајца

Сладолед

Најпрво подгответе садови за готвење на пареа. Искршете ги или исецкајте ги чоколадцата и ставете ги во горниот сад, а во долниот ставете вода и полека загревајте.

Додајте 300 мл слатка павлака, а потоа стопете ги чоколадите на средна температура. Ќе ви бидат потребни околу 15 минути за чоколадото целосно да се стопи. После тоа тргнете го садот од рингла и оставете да се олади.

За тоа време, одвојте ги жолчките од белките, а кога чоколадната смеса ќе се олади, ставете ги жолчките во неа и изматете ја чоколадата, а потоа додадете го остатокот од слатката павлака.

Белките изматете ги во цврст снег, а потоа додајте во смесата и со лажица измешајте со останатите состојки. После тоа, ставете ја смесата во садот и оставете ја во замрзнувач шест до осум часа.

Сладоледот сервирајте го во чаши за десерт, украсете го со кикирики и чоколаден или карамел топинг. По желба, можете да додадете и банани или некое друго овошје.