Home ГОТВАЧ Чоколадни тартуфи – брзо се прават а траат дури 10 дена

Чоколадни тартуфи – брзо се прават а траат дури 10 дена

6093
G Natural

Состојки:

  • 175 мл слатка павлака со 45% масленост
  • 300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено
  •  30 г несолен путер, растопен
  •  3 супени лажици ликер по ваш вкус
  • незасладено какао

Подготовка:

Во сад ставете ја павлаката да проврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао.

Чоколадните тартуфи ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив).

Најдобро е да се служат на собна температура.
Забелешка: Тартуфите може да стојат во фрижидер десет дена, без проблем

Може да ги декорирате со ореви, бадеми, лешници, чоколадни филови со ваши додатоци.

Добар апетит!

Чоколадни тартуфи