Home ГОТВАЧ Чоколадни палачинки

Чоколадни палачинки

4184
G Natural

Состојки:
за тесто

  • 225 гр брашно
  • 75 гр какао
  • 100 гр шеќер
  • 400 мл млеко
  • 50 гр стопен маргарин
  • 2 јајца
  • ванилин шеќер

за фил

  • 200 мл хопла
  • 2 лажици шеќер
  • 200 гр јагоди или друго сечкано овошје
  • кршено темно чоколадо

за чоколаден прелив

  • 150 мл хопла
  • 100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Се мешаат брашното, какаото и шеќерот и во нив се додава ладно млеко. Се меша да се добие хомогена смеса во која се додаваат јајцата и растопениот маргарин.
Смесата е малку погуста од онаа за обични палачинки.

Во тава со малку масло или маргарин се печат палачинките на класичен начин. Треба да бидат малку подебели од обичните. Овие состојки се доволни за околу 12 палачинки.

Кога палачинките ќе бидат испечени, се мати хоплата со шеќер додека не стане густа и цврста.
Овошјето се сечка на ситни парчиња.

Секоја палачинка се филува со шлагот и се посипува со сечкано овошје или чоколадо.
Се завиткуваат како ролат.
За чоколадниот прелив состојките се загреваат на тивок оган да се стопат, да се добие мазно и густо течно чоколадо.

Кога ги сервираме, ги сечеме палачинките на половина, на чинијата за сервирање се прави „подлога„ од течното чоколадо прошарано со течна слатка павлака. Се посипуваат по желба .
Добар апетит!

Чоколадни палачинки