Home ГОТВАЧ Чоко кекс баклава – готова за 15 минути

Чоко кекс баклава – готова за 15 минути

7257
G Natural

Состојки:

  • 500 гр готови кори
  • 200 гр чоколада за готвење (бела или црна, по избор)
  • 200 гр бисквити
  • 1 маргарин

Шербет:

  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша вода

Подготовка:

Изрендајте ја чоколадата на ренде. Земете една кора и попрскајте ја со малку масло. Превиткајте ја на половина и на дното од кората ставете малку рендана чоколада, потоа бисквити (мелени или кршени). Изролајте ја кората и ставете ја во подмачкан плех. На овој начин изролајте ги сите кори.
Стопете го маргаринот. Пред печењето исечете ја баклавата и прелијте ја со стопениот мргарин.
Баклавата печете ја околу 15 минути.
Сварете го шербетот и прелијте ја баклавата. Едното треба да е топло а другото ладно.
Најдобро е прво да го сварите шербетот, бидејќи тој побрзо се лади, па се прелива баклавата веднаш штом се испече.

Добар апетит!

Чоко кекс баклава