Home ГОТВАЧ Брзо, лесно, превкусно – Плазма бомбици

Брзо, лесно, превкусно – Плазма бомбици

12702
G Natural

Состојки:

  • 350 гр  еурокрем
  • 350 гр  мелена Плазма
  • Млеко по потреба
  • 10 парчиња чоколадни банани
  • Топено чоколадо, кокос, мелени ореви или бисквити за декорација, по желба

Подготовка:
Кремот растопете го на пареа и додадете ја мелената Плазма.
Со раце соединете ја смесата и по потреба додадете малку млеко.
Чоколадните банани поделете ги на 5-6 дела.
Како што ќе ги обликувате бомбиците, во внатрешноста на секоја ставете по едно парче чоколадна банана.
За крај, потопете ги бомбиците во чоколадо или извалкајте ги во кокос, мелени ореви, бадеми, бисквити…

Плазма бомбици