Home ГОТВАЧ гезме Брзо и едноставно – Направете си банички со сирење

Брзо и едноставно – Направете си банички со сирење

9601
G Natural

Состојки

  • 900гр.кори за пита
  • 3 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 300мл млеко или јоурт
  • 150мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 100мл топла вода
  • 1 квасец
  • 1 прашок за пециво

Подготовка:

Во малку вода ставете го шеќерот, квасецот, 2 лажици брашно и оставете го квасецот да стаса. Додека квасецот стасува, изматете ги јајцата, додајте 4 лажици брашно, прашок за пециво, сол и измешајте убаво. Додадете млеко (или јогурт), масло и стасаниот квасец и мешајте се додека смесата не се соедини.
Секоја кора убаво прмачкајте ја со филот, а на почетокот на корите ставете од вториот фил со сирење. Замотајте ја како ролат и формирајте ги баничките. Ставете ги во намрсен плех, и секоја баничка премачкајте ја со остатокот од првиот фил.
Првите 10-15минути печете на 250 степени, а потоа намалете на 180 степени.

Добар апетит!

Банички со сирење