Home ГОТВАЧ главни јадења Брза морска храна

Брза морска храна

3825
G Natural

Состојки:
• 300 г шпа­гети
• ½ кг до 1 кг мор­ски ракови
• 2 дл бело вино
• 1 мало паку­вање доматно пире или кон­зе­рви­рани домати, сеч­кани
• масли­ново масло по можност
• сол, црн бибер
• 3 гла­вички ситно сеч­кан лук
• многу маг­до­нос, ситно сечкан
Мор­ски рак­чиња
лат. Caridea
Како и оста­то­кот од мор­ската храна, мор­ските рак­чиња изо­би­лу­ваат со калциум, јод и про­те­ини, но не даваат дово­лно енер­гија. Хра­ната во која има мор­ски рак­чиња е храна која има холе­сте­рол, но кон­су­ми­ра­њето на мор­ски рак­чиња се смета за здраво за систе­мот на цир­ку­ла­ција, биде­јќи холе­сте­ро­лот кој го имаат нема заси­тени масти. Инте­ре­сно за нив е дека во евреј­ската кујна се забра­нети за консумација.
Подготовка:
Шпа­ге­тите зго­твете ги во доста солена вода. Во вок тава (или дла­бока тава за готвење) на масло ста­вете го ситно сеч­ка­ниот лук и маг­до­нос, а по неко­лку минути додајте ги дома­тите. Дин­стајте неко­лку минути, па додајте ги мор­ските рак­чиња, полијте со белото вино, ста­вете сол и црн бибер и оста­вете го да дин­ста десе­тина минути на ниска темпе­ра­тура. Потоа, во тавата ста­вете ги и сва­ре­ните шпа­гети и убаво изме­шајте. Поси­пете со уште маг­до­нос и сервирајте.
Неколку кратки совети:
• Кори­стете исчи­стени мор­ски рак­чиња, за да не губите време во нивна под­го­товка
• Коли­чи­ната мор­ска храна која ќе ја упо­тре­бите, при­ла­го­дете ја на вашиот вкус и парични сред­ства
• Може да кори­стите други мор­ски пло­дови — сите одат пер­фектно со лук
• Кори­стете свеж маг­до­нос за мор­ски и ита­ли­јан­ски вкус
• Не дозво­лу­вајте дома­тите да се пре­ва­рат, биде­јќи мор­ската храна бара све­жина во состој­ките кои ја при­дру­жу­ваат
• Тру­дете се сè повеќе да кори­стите масли­ново масло, за да го зашти­тите орга­ни­змот од холе­сте­рол и штетни масно­тии, биде­јќи во 100 г мор­ски рак­чиња се содржи 150 мг холестерол.

Извор: Гурман

Брза морска храна