Home ГОТВАЧ Брз рецепт – Куглоф со суво овошје

Брз рецепт – Куглоф со суво овошје

7826
G Natural

Состојки:

  • 100 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • Јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 300 гр брашно
  • ½ прашок за печиво
  • Суво сечкано овошје
  • 300 мл млеко

Прелив:

  • 6 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица вода
  • 1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Омекнете го путерот на собна температура и изматете го со шеќерот. Додадете ги јајцата и ванилата и повторно матете. Промешајте ги брашното и прашокот за печиво, па додадете ги во смесата од путер. Мешајте и помалку додавајте млеко, мешајки со цел да не се создадат грутки.
Кога смесата е убаво соединета, додадете го ситно сечканото овошје. Смесата ставете ја во куглоф калап и печете на 180 степени. Забодете чепкалка во средината на куглофот, кога ќе излезе, куглофот е печен.
Изматете го шеќерот во прав, водата и сокот од лимон па прелијте го преку изладениот куглоф.
Добар апетит!

куглоф