Џенифер Лопез има неверојатно тело.
Таа скоро две децении се занимава со танц и напорно вежба, но за нејзината фигура не е задолжен само тренингот туку и начинот на исхрана.
„Не се прегладнувам. Со годините научив дека здравата исхрана е многу важна, како и здравиот начин на живот“, вели 46-годишната Џеј Ло.
Еден од триковите со кои се служи се честите ужинки. Тие најчесто подразбираат свежо овошје и зеленчук, а освен тоа еве што друго има на нејзиното мени.
ПОЈАДОК – Смути
Џенифер својот ден го започнува со смути, а ова е нејзиниот рецепт:
- 3/4 шољи јагоди
- 1/4 шољи боровници
- 1/4 шољи малини
- 1/4 шољи грчки јогурт
- 1/4 лажичка цимет
- 1/4 лажици мед
- 1/4 лажици свеж сок од лимон
- 1/4 шољи коцки лед
РУЧЕК – Салати
Омилена салата на латино дивата е со кељ.
За да подготвите ручек како на Џенифер потребни ви се следниве состојки:
- 1 чинија сецкани листови кељ
- 2 лажичи пржени семки од тиква
- 2/3 рендано сирење
- 2/3 лажици свеж сок од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- 1/3 лук
УЖИНА – Овошје
За ужина Џеј Ло најчесто јаде јаболко или некое друго сезонско овошје
ВЕЧЕРА – Месо
Пејачката за вечера во својот оброк внесува месо и компири. Ова е нејзината типична вечера:
- пилешки гради на скара
- 1/2 шоља динстани брокули
- /2 чинии печен сладок компир