Home ГОТВАЧ Без миксер и рерна, оваа бајадера е готова за 15 минути

Без миксер и рерна, оваа бајадера е готова за 15 минути

2760
0
SHARE

Состојки:

печка,ниту миксер. За да ја направите ќе треба да издвоите околу 20 минути.
Состојки:
За Бајадера

  • 9 лажици вода
  • 200 грама шеќер
  • 150 грама ореви, бадеми или лешници
  • 250 грама мелени Petit Beurre бисквити
  • 170 грама путер
  • 100 грама темно чоколадо
  • рум

За глазура :

  • 100 грама темно чоколадо
  • малку масло

Подготовка:

    1. Во тенџере , додадете вода и шеќер и гответе на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори.
    2. Додадете путер , отстранете од шпоретот и мешајте додека не се раствори.
    3. Кога путерот е безмалку истопен , додадете ореви и бисквити – се меша додека не се добие еднаква густа маса .
    4. Добиената смеса се дели на два еднакви делови.
    5. Стопете го чоколадото  на пара и помешајте го во првиот дел од смесата, а во втората додадете малку рум. На послужавник или тацна ставете мрсна хартија за печење и  ставете го првиот дел од смесата (таа со чоколадо) и со рацете оформете коцка – а за да биде правилна, потоа оформете ги рабовите со нож.
    6. Над неа, на ист начин додадете ја и друга смеса и сторете го истото со ножот.
    7. Остатокот од чоколадото се топи на пара. Во него додадете малку масло и се прелива врз Бајадерата
    8. Толку – оставете малку да се стврдне и може да се ужива во неа.
    9. Бајадерата се остава во фрижидер да се стегне и следниот ден со нож се сече на коцки.