Home ГОТВАЧ главни јадења Бела мусака – рецепт кој ќе ве воодушеви

Бела мусака – рецепт кој ќе ве воодушеви

25462
G Natural

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 400 гр свежи печурки
  • 30 гр путер
  • 1,5 лажица брашно
  • 300 мл млеко
  • 100 гр кисела павлака
  • 150 гр кашкавал

Подготовка:
Месото исечете го на тенки шницли, па исчукајте ги со толчник и посолете. Секоја шницла пржете ја на малку масло, колку да добие боја, па извадете ги и во истото масло издинстајте ги печурките. Направете бешамел сос така што ќе го истопите путерот, во него ќе го пропржите брашното, ќе додадете млеко и кога ќе почне да врие ќе ја додадете и киселата павлака.
Огноотпорниот сад ќе го намачкате со маргарин и ќе го попрскате со презла, а потоа ќе редите еден ред бело месо, еден ред печурки, па бешамел сос. Повторете уште еден ред, па одозгора изрендајте кашкавал и ставете го во рерна да се запече.
Добар апетит!

Бела мусака