Home ГОТВАЧ Американски крофнички – радост за целото семејаство

Американски крофнички – радост за целото семејаство

14738
G Natural

Состојки:

За тестото:

  • 150 мл млеко
  • 60 гр мек маргарин или путер
  • 500 гр пченично брашно
  • 1 квасец
  • 40 гр шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 јајце

Подготовка:

Загрејте го млекото и во него додадете го квасецот, шеќерот и маргаринот или путерот и оставете да отстои. Замесете го брашното во кое сте сатавиле јајце и сол со квасецот. Изматете го ова со миксер првин со најмалата брзина, а потоа едно пет минути со поголемата брзина така да добиете мазно тесто. Оставете го да отстои тестото на топло се додека двојно не се зголеми.

Од кога тестото е нараснато го ставате на побрашнета површина и уште еднаш рачно премесете го и развијте кора со дебелина 1 см. Првин исечете кругови (Ø 9 см), потоа од средината исечете други кругови така да добиете прстени со ширина од 2 см.

Прстените покријте ги и оставете ги да одстојат на топло место додека видно не се зголемат.
Од кога ќе нараснат крофните се пржат во загреано масло така да пливаат во него се додека не добијат од двете страни златно-жолта боја.

Ги вадите на кујнска решетка за да се исцедат од маснотијата и потоа ги посипувате со шеќер во прав и им ставате чоколаден прелив.

Американски крофни