Home СОВЕТИ Ако сакате да ослабете, јадете пополека

Ако сакате да ослабете, јадете пополека

1697
G Natural

Ако сакате да јадете помалку, едноставно успорете затоа што така ќе успеете да изедете помалку калории, а чувството на ситост ќе трае подолго, тврдат научниците кои резултатите од своето истражување ги објавиле во списанието „Академија за прехрана во Чикаго“.

Истражувањето спроведено во две групи со 30 испитаници, од кои во едната имало луѓе со нормална телесна тежина, а во другата со прекумерна тежина.

За време на истражувањето им биле послужени оброци, но во едната група истите требале да ги конзумираат полека, со мали залаци и со долго џвакање, а другите како да немаат многу време за оброк.

Испитаниците тврдат дека чуството на ситост после спорото јадење трае подолго и дека имале помало искушение нешто да грицкаат после еден час од оброкот.