Home ГОТВАЧ здрава храна 8 детокс намирници: Блескајте за 5 дена

8 детокс намирници: Блескајте за 5 дена

3767
G Natural

За да го освежите организмот и за да го подобрите имунитетот не е потребно многу.

Во секојдневното мени вметнете ги овие 8 намирници и билки и направете природен процес на детоксикација.

Чистењето на организмот ќе започне по 5 дена, а како што јадете повеќе намирници, толку подобро ќе се чувствувате.

Лимон

Лимонот е полн со витамин Ц кој помага во прочистување на системот за варење. Тој ја прочистува крвта и кожата од мртвите клетки, а лимоновиот сок во топла вода е добар за црниот дроб и бубрезите.

Лук

Доколку го конзумирате тогаш ќе го подобрите производство на бели крвни зрнца, ќе ја прочистите крвта, дебелото црево и респираторниот систем.

Плус лукот го ослободува телото од никотин и може да ви помогне во борбата за откажување од цигари.

Јаболко

Јаболките се прва помош при детоксикација, дури и купениот сок од ова овошје е делотворен.

Ова овошје содржи посебен вид влакна кои го чистат телото од тешки метали и се борат против паразитите.

Репка

Црниот дроб е орган кој го чисти организмот од сите несакани супстанци, а репката е намирница која го чисти црниот дроб.

Кога јадете репка му правите огромна услуга на црниот дроб.

Брокули

Нутриционистите советуваат дека ова е една од најздравите намирници.

При варење брокулата ослободува материи кои се клучи за детоксикација на лошиот естрофен кој се акумулира во телото.

Боровинки

Ова овошје има три клучни антиоксиданси – антоцианидис, ресвератрол и елагична киселина. Оваа комбинација е клучна зазаштита и превенција од рак.

Цвекло

Во цвеклото има многу антиоксиданси кои го подобруваат работењето на црниот дроб и генерално ја подобруваат крвната слика.

Зелка

Зелката има антивоспалителни дејства и позната е како старински лек против чир. Има значајна улога во детоксикацијата зошто има киселина која го дезинфицира дебелото црево.