Home ГОТВАЧ 7 трикови против прејадувањето од досада

7 трикови против прејадувањето од досада

3176
G Natural

Дали некогаш сте се запрашале колку храна би внеле во текот на денот доколку јадете само кога навистина чувствувате глад? Верувајте дека внесот на храна би бил значително помал, токму поради тоа што повеќето од луѓето поголема количина на храна внесуваат кога им е досадно отколку кога чувствуваат вистински глад.

За да ја надминете ситуацијата на земање храна тогаш кога чувствувате само досада, во продолжение ви нудиме неколку трикови кои воглавно се однесуваат на женскиот пол поради тоа што ваквата појава е почеста кај нив.

Повикајте пријателка
Наместо да посегнете по храна, посегнете по телефонот и викнете некоја пријателка. Разговорот со друга личност ќе ви помогне да го пренасочете вниманието и да заборавете на желбата за храна.

Избегнувајте го ова пред спиење

Почнете да ги лакирате ноктите
Одличен трик за да се држите подалеку од храна. Се додека не ви се исуши лакот имате причина плус зошто да се држите настрана од храната.

Исчистете ја собата
Не е толку важно што ќе почнете да работите. Важно е да имате одредена занимација која ќе ве одврати од желбата да каснете нешто.

Храна

Прошетајте
Самото излегување од дома ќе ви помогне да ја згаснете вашата желба за храна, а пешачењето не само што ќе ви ги оддалечи мислите, туку ќе помогне и за вашата кондиција.

Внесувајте вода
Најчесто се препорачува да пиеме вода пред и за време на јадењето, но докажано е дека водата помага и за намалување на желбата за храна тогаш кога чувствуваме само досада. Ако после ручекот сеуште чувствувате глад, повторно напијте се вода и после неколку минути најверојатно повеќе нема да бидете гладни

Ставете храна во чинијата
Кога ќе посакате да јадете неконтролирано и ништо друго не може да ви помогне за да не внесете храна, тогаш најдобро е да си поставите чинија полна со здрава храна која нема да има толку негативни последици за вас.

Земете мастика
Како добар трик против јадење од досада ви претпорачуваме мастика. На овој начин ќе ја надминете вашата желба за грицкање и ќе се прелажите самите себе си дека сте земале храна.

Чистење