Home СОВЕТИ 7 одлични и симпатични начини и финти за подготовка на јајца

7 одлични и симпатични начини и финти за подготовка на јајца

4391
G Natural

Јајцата во последно време се ослободија од лошата репутација и сега се сметаат за вредна намирница.

Ве држат сити со часови и помагаат да комзумирате помалку калории во текот на денот, благодарение на протеините.

Ви пренесуваме 7 необични идеи и финти за подготовка на јајца.

 

1. Печени јајца и компир

Печениот компир, со соодветен прилог, може да биде одлично јадење, покрај тоа едноставни се за подготовка. Ако сакате печен компир, а сакате и малку да го закомплицирате тоа јадење, тогаш ќе ви се допадне оваа идеја. Освен компир, за ова јадење ви се потребни и јајца.

Откако ќе го испечете компирот, цел или преполовен, 30-тина минути на 200 степени во рерна, издлабете го компирот во средината, доволно за да формирате простор за јајцето.

Пред да продолжиме, малку инфо за вас за нутритивната вредност на кората на компирот, која често ја сечеме и не сакаме да ја јадеме. Во кората од компирот се наоѓаат многу вредни витамини и минерали и е добро средство за детоксикација на целиот организам. Значи, јадете ги (зготвени, печени). Секако, обрнете внимание на изгледот на компирот, исчистете го од можните скапани далови.

По подготовката, искршете едно јајце во едната половина. Компирот пред тоа можете да го премачкате со путер, да го посолите или зачините со омилениот зачин. Тука можете да бидете креативни, се е до вас. Компирот, со јајцето ставете ги во тепсија, на хартија за печење и оставете да се пече 15 минути на 150 степени целзјусови.

2. Како едноставно и на забавен начин да ја одвоите жолчката од белката

На интернет може да се најде видео со една интересна и симпатична кујнска финта, но во успешноста моравме прво и сами да се увериме. За овој експеримент ви е потребно пластично шише. Кога ќе го притиснете шишето од страна (не многу) вишокот на воздух кој излегува се претвара во вистински мал вшмукувач. Со отворот на шишето благо притиснете ја повшината на жочката и подгответе се за изненадување. Погледнете го видеото.

3. Од пиперка и кромид направете калапи за пржење јајца

Кришките/калапите/ круговите од малку покрупна пиперка ставете ги на тава за пржење. Внимавајте да бидат правилно исечени за јајцето да не ви истече надвор од пиперката. На јајцата додадете што сакате.

Малку поголема главица кромид ќе биде одлична за овој симпатичен утрински експеримент со јајца. Кромидот, исто така исечете го во кругови и тоа ќе ви послужи како калап за јајца.

4. Извежбајте го овој трик за лупење јајца и ќе бидете главна фаца во семејството

Овој трик е посебен. Скршете ја лушпата на врвот и на дното од варено јајце, отстранете ја и на истото место силно дувнете. Звучи чудно? Погледнете го видеото…

5. Подгответе јајца и на овој необичен начин

Сомнителна ни беше употребата на пластичната фолија во вода што врие, но изгледа дека тоа е прифатена пракса меѓу готвачите. Значи, јајцето со зачините замотајте го во пластична фолија која сте ја премачкале со масло и ставете ја во вода која врие некои 5 минути. Истиснете што повеќе воздух за кесичката да не лебди. Погледнете го видеото.

6. Јајца со лушпа, за промена испечете ги во рерна

Научивме, а и се навикнавме, јајцата да ги вариме во вода што врие. Меѓутоа, новиот хит фазон кој го популаризираше еден готвач соработник на Food.com, е јајцата да се печат во рерна. Наредете ги јајцата вака како што е прикажано на сликата и печете ги на околу 160-170 степени 30-тина минути. На овој начин можете да подготвите многу повеќе јајца, не морате да чеката водата да зоврие.

7. Испечете јајца во домат

Веќе се запознавме со јајца печени во рерна, во компир, со кромид и пиперка, во вода што врие. Ова е подеднакво одлична финта и потполно нов начин да испечете јајца – повторно во рерна. Овој пат, калапите за печење направете ги од домат. Знаеме сите колку добра комбинација се јајца и домат.

На доматот отсечете го врвот, тргнете го поклопецот, извадете ја внатрешноста (која подоцна можете да ја послужите ), искршете едно јајце и внатрешноста ставете ја во доматот. Печете во рерна на 180 степени околу 30 минути.

Пред да го додадете јајцето во доматот, по желба можете да ставете малку пченка за варење. Комбинацијата е одлична.