Home ПИЈАЛОЦИ здрави 5 супер коктели за 5 минути

5 супер коктели за 5 минути

3003
G Natural

Заборавете на соковите од продавница, време е да се посветите на свежото овошје и да одвоите 5 минути за витамински коктел.

Овошна бомба
Состојки:
2 чаши свежа брусница
6 чаши вода
2 чаши исечкан ананас
Една лажичка свеж ѓумбир
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во голем сад, додајте коцки лед и неколку листови мента. Овошната бомба испијте ја по појадокот, но дел понесете и за на работа. Овој коктел содржи големо количество на витамини и минерали кои ќе ве наполнат со енергија за работните обврски.

Црвена рапсордија
Состојки:
2 чаши црвена рибизла
1 чаша исецкана лубеница
Половина чаша природен сок од вишни
Една лажица мед
Половина чаша исечкани листови од мента
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер , изблендирајте и на крај додајте ги листовите мента. За подолготрајно дејство неколкуте парчиња лубеница сочувајте ги настрана и додајте ги при конзумирање. Оваа црвена рапсордија се подготвува една ноќ претходно, за утрото само со една голтка да го залажете организмот дека е сит, некаде до вечера.

Кисело освежување
Состојки:
Чаша исечкано, но исчистено манго
Сок од два портокали
Сок од еден лимон
Изрендана кора од половина лимон
Подготовка:
Исечканото манго изблендирајте го, потоа додајте го сокот од портокал и лимон заедно со неколку коцки лед. Пред точење за побогат вкус во чашата додајте ја изренданата кора од лимон. Овој напиток е совршен за топлите и спарни ноќи.

Прегратка со малина и вишна
Состојки:
Чаша свежи малини
Чаша свежи вишни
Сок од два портокали
Парче несечкан грејфрут
Подготовка:
Малините и вишните ставете ги во блендер, немојте да ги блендирате до крај. Потоа додајте го сокот од портокал и на крајот парчињата од грејпфрут. Ако сакате да ги изненадите пријателите, поканете ги на вечерна дружба со прегратка од малини и вишни.

Ледено освежување 
Состојки:
Чаша несечкани и исчистени праски
Лажичка шеќер
Една врќичка чај од хибискус
Половина чаша топла вода
Подготовка:
Вреќичката чај прелијте ја со топла вода и додека одстои исечкајте ја праската во блендер. Плус додајте лажичка шеќер и настанатата смеса полијте ја со веќе готовиот чај од хибискус. За да не биде топло додајте коцки лед. Ако сте љубиетели на киселкавиот вкус додајте тенко исечкано парче лимон. Овој напиток делува одлично за периодот од денот кога ве фаќа вашата жолта минута.
Коктел