Home ГОТВАЧ здрава храна 5 грозни работи кои ги јадеме, а не сме свесни

5 грозни работи кои ги јадеме, а не сме свесни

4632
G Natural

Со намирниците кои секојдневно ги јадеме, во организмот внесуваме и состојки кои не ни паѓаат на памет, а далеку се од она што го сметаме за храна.

Прочитајте кои пет работи ги јадете, а не знаете.

Мирисни секрети од дабар

Ако сакате сладолед од ванила, јагода, малини, веројатно на амбалажата сте прочитале дека содржи и некои „природни ароми“. Претпоставуваме и дека никогаш не сте се запрашале кои се тие природни ароми. Но, кога ова ќе го прочитате, веројатно ќе започнете да се прашувате.

Катореум се анални и уринарни секрети од дабар, кои се на листата на состојки на амбалажите  кои често се нарекуваат природни ароми. Ако ви се јадеше сладолед, веројатно повеќе не ви се јаде.

Човечки влакна

Притоа не мислиме на она кога во плескавица случајно ќе најдете нечие влакно. Дали некогаш сте се запрашале што е тоа што го прави лебот толку мек? Аминокиселина изведена од влакната на човековата коса или перја од патки, а која се нарекува цистеин, е заслужна што лебот „дише“.

Делови од бубачки

Желе бомбоните во разни вкусови се омилен десерт на многумина, но тајната за онаа сјајна, црвена боја која желето ја има всушност е додаток на секрет од свилените буби. Излачувањето на овие инсекти се додаваат уште и на некои овошни јогурти, сирупи, сладоледи, бомбони, сок од грејпфрут.

Хормони

Млекото е добро за организмот, но колку е добро, зависи од хормоните кои се додаваат во храната со која се хранат кравите. Хормоните кои денеска најчесто се додаваат се rBST и rBGH, а кои се забранети во Канада и Европската Унија, затоа што често биле поврзани со разни видови на канцер. Меѓутоа, овие хормони не се забранети секаде, па во некои продавници сеуште се продава млеко кои ги содржи овие хормони.

Црви

Дополнителните состојќи на готовите печурки, а особено сосот од печурки можат да изненадат. Американската администрација за храна и лекови моментално дозволуваат додавање на повеќе од 20 видови во разни видови готова храна со печурки. Затоа, ако саката да избегнете црви во својот оброк од печурки, најдобро е да ги јадете свежи, односно да не купувате готови.