Home ГОТВАЧ гезме Вкусни и здрави- колачи за големи и мали

Вкусни и здрави- колачи за големи и мали

14528
G Natural

Состојки:
• 3 јајца
• 100 г бело брашно
• 100 г интегрално брашно
• 100 г црно брашно
• 250 г гриз
• 350 г свежо сирење
• 2 дл млеко
• 2 дл кисела вода
• 1 дл масло
• 1 прашак за пециво
• 1 лажица сусам
• 1 лажици семки од сончоглед
• 1 лажица семки од лен
• сол
Приготвување:
Одвојте ги белките од жолчките и изматете цврст снег.Во соодветен сад помешајте ги гризот, белото, црното и интегралното брашно. Додадете прашак за пециво и полека измешајте.Посебно помешајте млеко, зејтин и минерална вода.
Во смесата од жолчки наизменично додавајте ја мешавината од брашно и течност, па постојано матете. Потоа додадете прашак за пециво, здробено свежо сирење, сусам, лен, сончогледови семки и зачини по желба, па полека измешајте за да се добие воедначена смеса.На крајот додадете ги белките и полека измешајте.Ставете ја смесата во калапи.

Поросете одозгора со преостанатата мешавина од семки и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200ºC додека не поруменат.