Home СОВЕТИ 3 дневна диета со јаболка – 3 килограми помалку

3 дневна диета со јаболка – 3 килограми помалку

2149
SHARE

Диетата со јаболка е една од најпознатите, токму заради краткотрајноста и резултатите кои ги дава. Затоа што јаболката имаат минимално количество калории, за време од 3 дена може да изгубите и до 3 килограми.

Калиумот и овошната киселина се супер тандем за согорување на калориите, подобрување на метаболизмот и регулирање на варењето. Гликозата пак која ја има во изобилие, го одржува шеќерот во крвта на правилното ниво.
Каков е планот за оваа диета со јаболка?
Првиот ден појадокот нека ви биде составен од интегрален леб со свежо кравјо сирење и три парчиња јаболка. За ужина изедете обичен кекс и едно јаболко, додека ручекот може да биде обилен. Подгответе си 140g риба, една јаболка, портокал и целер. Попладневната ужина се состои од 85g кравјо сирење и 1 јаболка, а за вечера подгответе две сендвичиња од ‘ржан леб со сирење.
Вториот ден започнете го денот со 30g овесна каша, 130ml млеко, лажица суво грозје и 1 јаболка, а за ужина може да изедете уште една. За ручек подгответе си една палачинка од млеко и јајца која ќе ја наполните со рендана јаболка. За попладневната ужина испијте 80g безмасен јогурт и исечкајте половина јаболка. Вечерата нека се состои од 40g ориз помешан со половина банана и 1 јаболка.
Третиот ден започнете го со парче интегрален леб, 3 лажици кравјо сирење и јаболка, а за ужина нарендајте 1 јаболка во 140g јогурт и додадете малку лимон и цимет. За ручек почастете се со 80g печени пилешки гради и 1 јаболка, црвена пиперка и лимонов сок. Јаболката нека ви биде и попладневна ужина, а диетата завршете ја со свежа салата од 2 моркови, 1 јаболко, лажица суво грозје и 50g безмасно сирење.
Во текот на овие 3 дена не заборавајте да пиете по најмалку 1 литар вода. Ќе се зачудите колку полесно и поздраво ќе се чувствувате по само 72 часа.

Диета со јаболка
Извор: crnobelo.mk